Исчистете сè по ред: 7 трикови со детергент за перење алишта

ischistete-s-po-red-7-trikovi-so-detergent-za-pere-e-alishta-2-4240227

Детергент за перење алишта, течен или прашок, може да се користи за чистење подови, отпуштање на канализација, перење автомобили и многу повеќе. Сепак, користете мала количина и некој поблаг детергент.

ischistete s po red 7 trikovi so detergent za pere e alishta - Исчистете сè по ред: 7 трикови со детергент за перење алишта

1. Отпуштање на канализација

Пред да повикате водоводџија истурете 1/4 чаша течен детергент, а потоа прелијте ја со 3,5 до 4,5 литри врела вода.

2. Повеќенаменско чистење

Измешајте 1/3 чаша варакина, додадете околу 4 литри вода и една лажица прашок за алишта. Оваа мешавина можете да ја користите за бришење на ѕидовите и површините во бањата.

3. Теписи

Логично е дека детергентот, дизајниран за отстранување дамки од облеката, има ист ефект и врз теписите. Едноставно нанесете малку сув детергент на дамката, а потоа нежно тријте го со влажна крпа. Оставете да делува пет до 10 минути, а потоа исплакнете.

4. Перење автомобили

Детергентот за перење алишта ќе заврши одлична работа за чистење на нечистотијата од вашиот автомобил, но внимавајте да не го користите премногу. Една лажичка во кофа со вода е доволна. Бидете сигурни дека користите благ детергент за да избегнете оштетување на бојата на автомобилот.

5. Перење подови

Ензимите од детергентот за алишта совршено ги чистат подовите. Користете лажичка детергент во кофа со вода, но задолжително исцедете го џогерот или крпата пред да го избришете подот.

6. Металните држачи од рерната

Ставете ги во када или голема кофа и наполнете топла вода додека не се целосно потопени, а потоа додадете 3/4 чаши детергент за алишта и оставете го да отстои преку ноќ. Потоа исчистете ја маснотијата и отстранете ја нечистотијата со сунѓер или четка.

Советуем вам прочитать:   Эти советы помогут вам всегда оставаться начеку, даже когда вы очень устали

7. Отстранување на дамки

Истурете го течниот детергент директно на дамката, а потоа нежно тријте ја ткаенината со мека четка.

Прочитајте ги овие 7 правила за ментална чистота и подобар живот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?