Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

rutini-shto-mozhat-da-vi-pomognat-da-vnesete-pozitivnost-vo-vasheto-seko-dnevie-2-6734570

Јануари е дефинитивно најдепресивниот месец во годината, а оваа година е и најтежок затоа што сме во средина на пандемија која само што го добива својот трет бран во светот. Во Македонија, од друга страна, има светлина на крајот од тунелот и се надеваме на пролет и лето кои доаѓаат, но тие денови уште се далеку пред нас. Еве како да си помогнете и да го промените протокот на мислите што во моментот може да биде негативен.

Ако чувствувате дека не одите напред, немате волја за живот или живеете во страв, не заборавајте да побарате помош од стручни лица. Во западниот свет, одењето на психотерапевт е исто како и на стоматолог.

rutini shto mozhat da vi pomognat da vnesete pozitivnost vo vasheto seko dnevie - Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

Колку вложувате во дружење?

Само затоа што во моментот не можеме да одиме на забави, концерти, ресторани и кафулиња, не значи дека треба да заборавите на пријателите. Животот продолжува, само во една друга форма и пристап. Поканете пријатели на видео повик, организирајте дружење, организирајте патување секој викенд во природа на некое друго место. Постојат начини да се одржи социјалната дистанца во овие тешки моменти.

Како се релаксирате?

Можеби ви се чини дека работата од дома ве релаксира, но тоа е далеку од вистината. Многумина од нас воопшто не знаат како да се релаксираат, но треба да знаете да направите време за медитација, прошетки, читање, вежбање. Потребно е да се одвои време за истото.

Променете го протокот на мислите

Една тетратка ќе ви помогне во ова. Запишувањето мисли е многу ослободувачко, па во моментите кога ви е најтешко, напишете на хартија како се чувствувате, а потоа запишете каква е реалната состојба зад тие чувства.

Советуем вам прочитать:   Една мајка споделува одличен трик за купување чевли на децата без да ги носите низ продавниците

Прочитајте ги овие 5 инспиративни психолошки совети за 2021 година што навистина помагаат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?